X
 24.03.2017 Живот

Дали сте незадоволни од својот изглед?


Одраз во скршено огледало

Генерално гледано, повеќето луѓе не се задоволни со своето тело и изгледот. Исто така, вообичаено е мислењето дека телото има своја цел, а луѓето се дотеруваат и се шминкаат со намера да ги сокријат недостатоците и барем неколку пати на ден помислуваат дека не се убави.

Но мора да постои свест дека и физичкиот изглед е игра со перцепција, впрочем како и сè друго. Убавината е реална онолку колку што самите верувате дека е!

Телото е избрано покрај сите други, и тоа навистина ИМА своја цел. Телото е единствената работа која нè држи овде, на земјата, која ни овозможува да имаме семејство и уште еден куп убави работи за кои мечтаеме, затоа треба да имаме почит кон сопственото тело и да го сакаме, а ТОА ќе знае да го награди тоа.

Треба да носиме удобна облека во која телото ни се чувствува природно и удобно, а да ставаме шминка со намера да ја нагласиме својата убавина и единственост. Сите овие мали промени во перцепцијата можат да направат големи промени во нашиот секојдневен живот.

И наместо потсвесно да си говориме дека не сме убави по неколку пати на ден, 365 дена во годината, ајде да ја замениме таа мисла со  афирмацијата „јас сум убава личност“ и самите да се увериме во тоа! Ако веќе можеме да си го переме својот мозок со негативни мисли кои ни ја уништуваат самоувереноста и вербата во себе, тогаш можеме и мораме да си го переме мозокот и со позитивни мисли.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот