Најиздржливиот модел на
Нокиа, 3310, по 17 години се враќа на пазарот.
Нокиа планира повторно да го лансира овој уред на претстојната „MWC“ конференција во Барселона.
Наводно, телефонот ќе чини 59 евра, а ќе го карактеризира долготрајна и речиси неуништива батерија.
Иако
Нокиа со години не го произведува овој модел, телефонот сè уште ужива популарност, па во широка продажба ќе биде достапен преку интернет маркетите
Амазон и
Ибеј.
На конференцијата ќе бидат претставени и други три телефони на
Нокиа. Се очекува дека
Нокиа 3, 5 и 6 ќе користат андроид 7.0 оперативен систем и ќе чинат меѓу 150 и 250 евра.
Треба да се напомене дека телефоните што се продаваат под брендот
Нокиа, всушност, не се од компанијата која своевремено ги создала моделите
3310,
N95 и
N-Gage.
Правото на користење на името на познатиот бренд за телефони го откупила помалку позната финска компанија,
HMD Global, во договор што бил постигнат минатиот декември.