X
 28.12.2016 Култура

Писмото на Френк Синатра до Џорџ Мајкл: „Талентот не смее залудно да се троши“

Френк Синатра му напишал искрени зборови на младиот Џорџ Мајкл кој се уморил од славата во 1990 година: „Олабави се, човеку“.

Синатра како постар колега, го советува Мајкл да се вивне до Месечината. Во тоа време, Мајкл бил под стрес поради пресно објавениот албум „Listen Without Prejudice Vol. 1“ и притисокот кој го чувствувал поради неговиот прв соло албум три години претходно, „Faith“ кој му донел Греми награда, шест топ=пет синглови и продажба на повеќе од 25 милиони примероци.

За споредба, неговиот втор албум беше значително понеуспешен од првиот - бил продаден во само 2 милиони копии, па во тоа време Мајкл избегнувал да биде во центарот на вниманието, давал малку интервјуа и не направил тура за албумот.

Во септември 1990 година,  „LA Times“ објави статија за Џорџ Мајкл која не го прикажа пејачот во добро светло. „За циничен поп свет кој го слушнал секој - од Френк Синатра до Дејвид Боуви кои се заканиле дека ќе се збогуваат со микрофонот, потегот на Џорџ Мајкл се чини како пресметан публицистички потег. После се', тој се'уште дава интервјуа“.

Френк Синатра, поучен од неговото искуство и моментите на професионална интровертност - Синатра имаше напади на авто-сомнение и во 1971 година го најави неговото пензионирање, објавил јавно писмо до Џорџ Мајкл во истото списание, молејќи го да се свести.

Во него, тој го советува Мајкл да ја сфати важноста да ги послуша желбите на публиката, велејќи му дека таквата способност е клетва која мора да се сподели, а не да се потроши. „Талентот не смее залудно да се троши... оние кои имаат талент мораат да го прегрнат, прифатат, негуваат и споделат за да не ти биде земен исто толку брзо како што ти беше позајмен“.

„Верувај ми. Сум бил таму“.

Во продолжение е писмото во целост:

Френк Синатра

9 септември, 1990 година

Драги пријатели,

Кога ја видов вашата насловна страна посветена на Џорџ Мајкл, „неподготвената поп ѕвезда“, мојата прва реакција беше дека тој, секое утро кога се буди, треба да му заблагодарува на Бога за тоа што го има. И ќе бидеме двајца кои секое утро му се заблагодаруваат на Бога за на што го имаат.

Не го сфаќам човекот кој живее „во надеж дека ќе го намали притисокот од неговиот статус на ѕвезда“. Тука е дете кое „сакало да биде поп ѕвезда уште од 7 годишна возраст“. А сега тој е прекрасен изведувач и текстописец на 27 годишна возраст кој сака да се откаже од она за кое многу надарени млади луѓе од целиот свет би дале се' да го имаат - само едно нешто за кое тој се жали.

Ајде Џорџ, олабави се. Избриши ја прашината од крилјата и летни до Месечината по твој избор и биди благодарен што го носиш багажот што сите сме морале да го носиме уште од оние ноќи кога сме спиеле по автобуси и кога сме му помагале на возачот да ги растовари инструментите.

И повеќе да не слушнам за „трагедијата на славата“. Трагедијата на славата е кога никој не се појавува и кога ти ѝ пееш на чистачката во некоја празна биртија која одамна не видела гостин. А ти не си ни близу до тоа; ти си на врвот на високата скала наречена Ѕвезда која на латински значи благодарение на фановите кои беа до мене кога бев осамен.

Талентот не смее залудно да се троши. Оние кои го имаат - а ти очигледно го имаш или денешната насловна страна би била за Руди Вале - оние кои имаат талент мораат да го прегрнат, прифатат, негуваат и споделат за да не ти биде земен исто толку брзо како што ти беше позајмен.

 

Верувај ми. Сум бил таму“.

 

Френк Синатра

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура