X
 07.10.2020 Живот

Два милиона луѓе во светот заработуваат над 100.000 долари годишно само од социјални мрежи

Во моментов има над 50 милиони луѓе во светот што создаваат содржини за „Јутјуб“, „Инстаграм“, „Твич“, „Тик-ток“ и други социјални мрежи. Два милиона од овие корисници работат на социјалните мрежи со полно работно време и заработуваат годишни плати од над 100.000 долари со тоа што создаваат дневна или неделна содржина за социјалните мрежи.

Според податоците, околу 90% од содржината на социјалните мрежи е создадена од индивидуалци, а не корпорации. Ова се само дел од податоците објавени во извештај од Јуанлинг Јуан, во кој се разгледува влијанието на социјалните мрежи врз економијата.

Според Јуан, бројот на инфлуенсери драстично ќе се зголеми во следниот период. Бројот на корисници на социјални мрежи што создаваат содржина ќе порасне на 100 милиони или повеќе, вели тој. Голем дел од овие „креатори“ се припадници на генерацијата Z, кои сè повеќе се грижат за индивидуализмот и имање свој карактер наместо вклопување.

Од појавата на социјалните мрежи, поголем е бројот на млади луѓе што одлучуваат дека не сакаат да седат во канцеларија, туку ја преземаат контролата врз сопствениот живот и работат за себе. Пример за тоа е Чарли, 16-годишна ѕвезда на „Тик-ток“ со 91 милион следбеници на социјалната мрежа.

@charlidamelio

eyeliner 🕶

♬ original sound - Hollywood ray


Во продолжение следува интервју со Јуан спроведено за „Форбс“.


Автор: Џон Котсиер
Извор: forbes.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот