Експертите за пазарот на трудот во Русија направија список со професии што моментално се најбарани во Русија. Анализата на работните места, која е објавена на интернет-страницата на руската Служба за вработување, овозможила изготвување на список од најбараните професии во руските региони.
Возачи се бараат во 49, а готвачи во 38 региони, медицински сестри во 31 област, продавачи во 29, а ИТ-експерти се бараат во 27 региони.
Исто така, се бараат и лекари, и тоа во 22 области, додека оператори на индустриски машини и шнајдери во 21 регион, инженери во 19, а механичари и заварувачи во 18 области.
- На пазарот на трудот за квалификувана работна сила и лица со средна стручна спрема во руските региони на шест понудени работни места доаѓа еден невработен со искуство - наведуваат авторите на истражувањето.
На две понудени работни места за возачи, работници во областа на услугите и обезбедувањето, како и високо квалификувани експерти, доаѓа по едно невработено лице со
искуство.