Насекаде во светот на јазиците им се заканува изумирање, дали во Германија, каде што лужичкиот српски се зборува уште од страна на само 7 илјади луѓе, или во Северна Америка, каде што само околу 250 припадници на народот Кајуг го користат својот мајчин јазик.
Далабонскиот јазик го користат само 11 луѓе, а можеби и помалку, бидејќи последниот попис е направен пред повеќе од десет години.
Не меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Обединетите нации секоја година се укажува на значењето на јазичното богатство. Според процените на „UNESCO“, на светот се говорат околу 6 илјади јазици. А 2.500
јазици се загрозени.
Глобализација – важен фактор
Научниците имаат различни објаснувања за умирање на јазиците. Еден од факторите е секако глобализацијата, бидејќи луѓето веруваат дека имаат поголеми шанси во животот ако зборуваат широко распространети јазици. Експертите додаваат и дека е важен фактор и тоа што се повеќе луѓе од селските подрачја заминуваат да живеат во градовите.
Изумреле повеќе од 200 јазици
Најзагрозени се јазиците кои немаат свое писмо. Во Боливија на пример, исчезнувањето на јазиците е поврзано и со образовниот систем, бидејќи во училиштата наставата во текот на педесеттите години се одвивала на шпански јазик. Според податоците на „UNESCO“, во последните децении изумреле 200 јазици.
Интернетот како спас?
Загрозените јазици да се документираат за истражување, но тој архив да биде важен и за самите заедници кои се служат со тие јазици – ова е целта на проектот за документирање на загрозените јазици. Снимките би можеле да послужат како основен наставен материјал, но тоа не е доволно за да се оживее еден изумрен јазик. Експертите сметаат дека е потребно да се обезбеди мотивација за јазиците да се пренесуваат на следните генерации. Позитивно е тоа што бројката на луѓе кои имаат пристап на Интернет се зголемува па таму можат да се најдат пример од многу јазици, што може многу да помогне во зачувувањето на истите.