X
 23.02.2017 Култура

Британските музички награди во знакот на Дејвид Боуви

brit

Британските музички награди дадоа признанија на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги и Дрејк и Бијонсе како и многу британски пејачи, меѓутоа сите нив ги засенија Дејвид Боуви и Џорџ Мајкл.

Боуви, кој почина во јануари 2016 година на 69 годишна возраст постхумно го доби признанието за најдобар пејач и најдобар албум. Наградата ја прими Мајкл К. Хал, ѕвездата од мјузиклот „Лазар“.

„Доколку Боуви можеше да дојде вечерва, веројатно не би бил присутен“, на шега рече Хал.

Почести му беа оддадени и на Џорџ Мајкл, кој почина на 25 декември 2016 година, на 53 годишна возраст.

Британскиот соул музичар Рег ен Боун Мен доби две награди, награда од критичарите и награда за најголем напредок.

Емили Санде ја понесе наградата за најдобар женски изведувач, а Роби Вилијамс е добитник на наградата Брит икона. Наградата за глобален успех ја доби Адел, а групата Литл Микс ја доби наградата за сингл на годината.

Наградата за најдобра странска пејачка ја освои Бијонсе.

Целосната листа на победндици можете да ја погледнете ТУКА.

Галерија од настанот
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура