Новиот закон што стапи во сила во вторникот забранува храна на улиците на италијанскиот историски град Фиренца. Рестораните за брза храна ќе мора да постават предупредувања пред своите објекти во кои ќе се оградат и ќе им нагласат на купувачите дека не смеат да јадат на улица.
Рестрикциите ќе важат секој ден во наредните четири месеци од 12 до 15 часот и помеѓу 18 и 22 часот. Забраната посебно важи за улиците Де'Нери, Дела Нина, Пизале дегли Уфизи и плоштадот дел Грано.
Инаку,
Фиренца е позната како престолнина на храната, а „Трип адвајзор“ ја прогласи за град со најдобри сендвичи. Затоа, ако се најдете во Фиренца, внимавајте каде јадете!