Честопати се среќаваме со ремек-дела од минатото што ни покажуваат дека луѓето користеле неверојатно напредна технологија или дека вонземјаните им помогнале на луѓето од минатото да ги создадат Стоунхенџ и пирамидите.
Ист е случајот со храмот Каиласа. Кога детално ќе го погледнете овој индиски храм, веднаш ќе дојдете до заклучок дека луѓето добиле некаква натприродна помош. Но на династијата Раштакута не ѝ била потребна помош од вонземјани. На крајот на краиштата, архитектурата со камења не била непозната за индиското општество во тоа време.
На височина од 30 метри, храмот Каиласа е за 50 отсто повисок од Партенон во Грција. Меѓутоа, она што го прави овој храм различен од другите не е само височината. Всушност, овој храм ги поттикнува архитектите да развијат нов иновативен метод. Наместо резбање модели и скулптури во ѕидот, храмот бил изграден од врвот надолу. Вооружени само со чекани, градителите почнале од самиот врв на планината и најпрво ги создале сложените покриви, потоа врвовите на столбовите, а потоа скулптурните слонови, од нивните глави до нивните стапала.
Ваквата архитектура во 9 век била позната за Индија. Всушност,
Каиласа не е единствениот ваков храм, туку е една од 34. слични локации во комплексот на пештерата Елора.