X
 23.02.2017 Технологија

„Летечки пожарникари“ во Дубаи гаснат пожари со џетпекови


Пожарниар на џетпек

Martin Aircraft Company е компанија од Нов Зеланд која ги развива џетпековите – ракетни појаси, односно реактивни уреди за транспорт на луѓе низ воздух на кратки растојанија. Од неодамна, овие уреди ги користи  и противпожарната служба во Дубаи.

Дубаи е познат по сообраќајните гужви, а со оглед дека е опкружен со вода, ваквиот начин на противпожарна заштита штеди и време и брзина во дејствување на терен.

Досега, компанијата испорачала во Дубаи 20 комплети џетпекови, по единечна цена од 35.000 долари.

Како изгледа употребата на овие уреди, погледнете во видеото:

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија