X
 26.02.2017 Живот

Најстариот јога учител на светот

Според Гинисовата книга на рекорди, Тао Порчон-Линч е најстариот учител за јога во светот. Тао ја открила јогата во 1926 година кога имала само 8 години.


Таа открива како мислела дека јогата е игра. Видела група на момчиња на плажа кои правеле прекрасни форми со телото. Дознала дека тоа е јога од својата тетка, но таа и рекла дека јогата не е типична за жени. Тао сметала дека доколку тоа го можат момчињата, може и таа.

Набрзо јогата станала нејзина голема страст. Сега, на 98 години, уште подучува и тоа дури 6 или 8 часови неделно. До сега имала 3 операции на колкот, но тоа не ја забавило. Нејзиното здравје го припишува на јогата, бидејќи смета дека со неа не само што го тренира телото туку и умот.

Неодамна има објавено и мемоар.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот