Болките во грбот се чест проблем со кој се соочуваат многумина особено поради многу часови поминати во седечка позиција или тешка физичка работа.
По 12 неделна програма за почетници кое биле дел од една студија, се покажало дека луѓето се ослободиле од болките како и тие кои оделе на третмани со физикална терапија.
Ако сакате да ја пробате оваа програма
ОВДЕ може да ги најдете вежбите.
Се започнува од основни позиции кои не бараат голема флексибилност, а во многу од нив може да се потпирате на ѕид. Учесниците во студијата не биле искусни јогисти: на број 320, живееле во Бостон, и претежно имале ниски приходи. Притоа немале повреди на грбот, но имале болки кои лекарите не можеле да ги објаснат.
Секоја недела посетувале час по јога и имале за задача да вежбаат дома по 30 минути, со помош на прирачникот. Пред почетокот на програмата 70% од нив користеле лекови за болки, а по завршувањето 50% (луѓето кои не практикувале јога, или не оделе на физикална терапија немале промена во болките).
Оваа програма за почетен курс по
јога можеби не прави чуда, но голема е веројатноста дека помага.