Ново училиште во Ебден Бриџ во Западен Јоркшир, Англија, кое ќе се отвори наредниот септември, ќе вклучува сесии по медитација, утринска јога и вегетаријански оброци.
Средното училиште е приватно и ветува „зголемување на учењето преку јога и медитација, донесување демократски одлуки, поопширно учење и служење на општеството“.
Училиштето нема да има директор, а сите одлуки ќе се донесуваат секоја среда на состанок кадешто гласот на учениците ќе биде вреднуван исто како и оној на професорите. Во училиштето нема да има „традиционални правила“, но часовите ќе бидат задолжителни.
Јогата и медитацијата ќе бидат искористени за учениците подобро да ги поврзуваат теоретскиот и практичниот дел од материјалот и од еден предмет на друг, според основачот и главен професор, Анил Сарна.
„Главната
цел на училиштето ќе биде добивање најдобри резултати на националните тестови. Останатите слични училишта се добри во создавањето креативна околина, но не и во поглед на резултатите од тестовите“, изјави Сарна.