X
 27.02.2017 Култура

Промовирана македонска поштенска марка во САД


 
На покана на Друштвото на теоријата на комуникации, како дел од Американскиот институт на инженери од областа на електрониката, Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина, на Конгресот на Друштвото, што се одржа минатата седмица во Сан Диего, Калифорнија, пред американската јавност ја промовираше поштенската марка со ликот на американскиот научник Клод Елвуд Шенон. Марката беше издадена од Македонска пошта во 2016 година.


По промоцијата, Ректорот Нинослав Марина изјави: „Како еден од авторите на иницијативата за чествување на 100 годишнината од раѓањето на прославениот американски научник и татко на „Математичката теорија на комуникации и теорија на информации" преку издавање на поштенска марка со неговиот лик, се радувам и ја делам радоста на членовите на Друштвото на теоријата на комуникации, кои изразуваат искрена благодарност и восхит кон начинот на кој Република Македонија ја изразува својата почит кон делото на Клод Шенон. Македонија е единствената земја во светот што издаде марка во чест на Шенон што ме прави особено горд и би сакал да изразам голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на иницијативата“.

Клод Шенон е признаен како научник кој на светот му ги подари основите за создавањето на некои од најзначајните телекомуникациски методи на денешницата, што се користат во интернетот, мобилните телефони, компјутерите, уредите за меморирање и при електронската заштита на податоците.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура