Преку 10.000 наставници во САД непосредно по изборите одговарале какво влијание имале тие во училиштата, при што нагласено е дека тоа било во голема мера негативно за училниците.
90% од
наставниците изјавиле дека покрај негативното влијание туку тоа е и долгорочно, а 80% опишале дека дека имало зголемена вознемиреност и загриженост од страна на учениците за влијанието на изборите врз нив и нивните семејства, особено оние од маргинилизираните групи како муслимани или Афро-американци.
Преку 2500 наставници опишале специфични инциденти како нетолеранција и малтретирање кои директно може да се поврзат со изборите и мнгогу директори им нагласиле на предавачите да се воздржат од било какви дискусии за изборите.
Исто така, до нив стигнуваат препораки како да ја вратат позитивната клима во училиштата меѓу кои се нагласувањето на вредностите на училиштата, заштита на учениците кои се исплашени, фокус на цврсти стратегии за борба против заплашување, поддршка на студентите да зборуваат отворено за она што го мислат и слично.
Иако не е научно, ова истражување е едно од првите во кое наставниците во САД колективно го кажале својот глас.