X
 02.03.2017 Наука

Што знае дрвото?

дрво

Проценката на експертите велат дека најстарото дрво во светот има 9.550 години, дека се наоѓа во Шведска, каде со векови успешно живее складирајќи го во себе времето, случувањата и историјата. Сето ова фасцинира и наведува на размислување за ова неверојатно живо суштество.

„Шумските стебла поради долговечноста често пати оставаат впечаток на статичност и непроменетост. Но, тие доста интензивно реагираат на секоја промена на условите во една средина, и на јасен, препознатлив начин го искажуваат тоа.

Секое стебло во себе содржи информации кои ние можеме да ги прочитаме. Дрвото може да ни раскаже приказни кои ниту еден друг човек и документ не можат да ги откријат.

Значајни карактеристики на секој жив организам, па и шумските стебла и стеблата во урбаните градски услови, се растењето и прирастот. Растењето претставува неповратно зголемување на димензијата на организми или некој негов дел, а во контекст на шумските стебла, растењето претставува зголемување на димензиите, односно елементите на растот - дијаметар, висина и обем.

Прирастот е зголемување на димензијата на некој организам низ годините и претставува еден вид на биоиндикаторна реакција на сите стебла во различни ендогени и егзогени фактори.

Во нашите климатски услови стеблата растат така што секоја година создаваат по еден слој на дрвото кој го нарекуваме прст. Варирањето на прирастот на прстените и нивната големина одат од година во година и зависат од многу фактори.

Дрвото по својата биолошка законитост може да расте од сто до сто и нешто години. Поради долговечноста, шумските стебла претставуваат интересни записи за различни промени и реакции во минатото, за тоа како шумите и стеблата во урбанистичките градови реагираат на овие промени.

Затоа често ги нарекуваме биолошки читанки, историја, база на податоци.

Особено интересно е дека на овој начин можно е да се идентификува време на големите земјотреси, вулканските ерупции и други промени. Сето она што се случило околу дрвото, тоа влијаело дрвото да реагира на одреден стимуланс - се променило во ширината на прирастот.

Истовремено, во стеблата на дрвјата постои една цела серија на реакции со кои тие успеваат да ги надминат различните климатски и други влијанија. Постои нешто што е поврзано за генетска модифицирана промена, така што стеблото едноставно успева да ги надмине сите различни осцилации, а понекогаш постои и она што се нарекува природна селекција на единките.

Капацитетот на дрвото, како еден од најзначајните елементи на животната средина, да учествува во прочистување на животната средина, во апсорпцијата на јаглерод диоксидот и складирањето на јаглеродот во дрвото, е многу голем. Ова е можеби еден од најважните фактори со кои денес може да се намали ефектот од климатските промени. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука