Поранешната американска прва дама, Џеки Кенеди, со право се смета за ненадмината светска икона на стилот и елеганцијата. Едноставно, таа била мајстор за примена на едноставни трикови за разубавување со кои постигнувала чуда. Еве ги нејзините „лекции“ кои важат за сите времиња:
1. Сапун од кал од Мртвото Море, бил еден од нејзините омилени производи за чистење на кожата. Производите со екстракти од Мртвото Море се познати по високата концентраија на минерали (калциум, калиум, магнезиум) кои нежно ја чистат кожата и дејствуваат смирувачки.
2. Сензуалниот парфем бил заштитен знак на Џеки. Таа секојдневно го употребувала парфемот „Lovely Patchouli 55“ на луксузната француска парфимерија „House of Krigler“. Овој парфем е заводлива мешавина од мирисни ноти од пачули, амбра, бергамот и кожа.
3. Перфекционист како Џеки секогаш е свесен за значењето на совршено обликувани веѓи. Убаво средените и изразени веѓи можат да го „подигнат“ изразот на лицето и се многу важен детаљ во изгледот на секоја жена.
4. Џеки никогаш не компликувала и затоа била кралица на стилот. Кога косата ви е разбушавена од ветрот, покријте ја главата со убава марама или шал. Кога набрзина сакате да ги сокриете подочниците, ставете големи и елегантни очила за сонце.
5. Џеки вложувала многу во својот изглед, но не можела да се откаже од цигарите, кои освен што се општо штетни по здравјето, лошо влијаат и врз изгледот на кожата. Затоа таа редовно користела суперхидрирачки креми за лице, за да ја задржи свежината и хидрираноста на кожата.
6. Џеки обожавала сончање, па затоа и кожата ѝ била склона кон пигментации. Затоа и редовно користела квалитетни препарати и пудра за воедначен тен.
7. Сакала кармини за усни во силни бои и честопати ги комбинирала со црвени и розеви нијанси на облека. Убаво нашминкани усни во соодветна боја треба да бидат заштитен знак на секоја средена жена.
8. Заради честото изложување на сонце, стилизирање на косата со жешки витлери и користењето на лакови за коса, нејзиниот фризер и стилист, Петер Ламас, ѝ препорачал да ги заштити врвовите на косата со масло за нега. Токму нивната употреба денес е попопуларна од кога било.