X
 03.03.2017 Живот

Судбината на последниот државјанин на СССР


Неколку различни знамиња од левата провениенција

Василиј Бабина завршил во затвор пред распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Судот во рускиот град Екатеринбург донел одлука дека поранешниот затвореник кој поседувал пасош од СССР мора да остане во притвор во градскиот центар за имиграција, сè до крајот на мај. Бабина (58) бил осуден на смрт со стрелање заради насилно влегување, кражба и убиство. Како што пишува Moscow Times, додека тој ја чекал егзекуцијата, Советскиот Сојуз во 1991 се распаднал.

Шест години подоцна, руските власти ја укинале смртната казна, а судот одлучил дека Василиј ќе мора да одслужи 26-годишна затворска казна за направеното злосторство. Во февруари годинава, изречената казна истекла, но наместо да биде ослободен, се појавил нов проблем.

Неговата татковина се распадна, а тој излегува од затвор како државјанин на СССР. Судот одлучил официјално Бабина да биде третиран како лице без државјанство и го притворил во миграцискиот центар заедно со другите илигални имигранти.

Руските власти се надеваат дека ќе успеат да го депортираат Бабина во државата каде што се родил, Казахстан, и побарале од нив да издадат потврда дека Василиј има казахстанско државјанство.

Меѓутоа, сега се појавиле активисти кои бараат Бабина да остане во Русија и да му се придружи на семејството кое живее во регионот Алта. „Министерството за правосудство одлучи дека Василиј Бабина не е добредојден во Русија, но не кажаа зошто“, изјави  неговиот адвокат, Роман Качанов.

На 28 мај, локалниот суд ќе одлучи дали ќе му го продолжи притворот на Бабина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот