X
 06.03.2017 Образование

Ефективни стратегии да запаметите сѐ што читате

Кога станува збор за проширување на знаењето, за жал најчесто се придава важност на квантитетот отколку на квалитетот. Точно е дека со повеќе читање се добиваат повеќе информации, но таквите информации обично се забораваат по кратко време.

отворени книги

Особено ако читате без многу внимание, или без разбирање на содржината, веројатно е да не запаметите многу од она што сте го читале. Но, ако не можеме да запаметиме повеќе информации од книгите што ги читаме, која е целта на читањето? За да Ви биде истото ефективно и да му дадете за значење, еве 4 стратегии што ќе Ви помогнат додека читате:

Генерирајте прашања и барајте одговори

Еден начин да запаметите повеќе е веднаш да ги повторите информациите со тоа што ќе генерирате прашања. Преминете на содржината и составете листа на прашања, а потоа активно барајте одговори во книгата. Кога постои причина да се чита книгата полесно е да се запамети што се чита.

Пишувајте во маргините за време на читањето

Ваквиот тип на белешки се одлична стратегија за подобро задржување на знаењето. Кога одреден параграф се издвојува, обично се нагласува текстот, но подобро е со свои зборови да се сумира истиот. Низ овој процес се учите себе си на главните мисли.

Истражете го она што не го разбирате

Кога сумирате со свои зборови може да наидете на термини што не ги разбирате. Одвојте 10 минути за подлабоко да истражите за нив додека не ги разберете целосно. Ова може да Ви помогне да ја разберите материјата со повеќе детали затоа што повеќето автори претпоставуваат дека нивните читатели имаат одредено познавање за темата. На пример, ако читате филозофска книга, авторот претпоставува дека имате познавање од филозофијата, па ако немате, вреди да ја примените оваа стратегија.

Применете го знаењето во вистинскиот живот


Повеќето луѓе мислат дека колку повеќе детали запишуваат повеќе ќе паметат. Но, додека сте фокусирани на толку многу забелешки, понекогаш заборавате и да ги препрочитате. За да имате корист од белешките, обидете се да ги инкорпорирате во вистинскиот живот. Кога правите белешки размислете како ова може да Ви помогне во животот да решите вистински животен проблем.

Читањето бара посветеност на време и напор. Можеби ви звучи стресно да поминете толку време во учење на она што го читате, и на почетокот може да биде тешко, но ако ги следите овие стратегии, напорот и времето ќе се исплатат и значително ќе Ви се подобри квалитетот на учењето на новите информации.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование