Учењето едноставни начини да размислувате поинаку за себе и за вашите искуства може да доведе до поголема рамнотежа и подобра благосостојба. Овде не се работи само за тоа да се подобрите себеси, туку да обрнете внимание на тоа каде го насочувате вашето внимание.
За што размислувавте денес? Од која перспектива гледавте на нештата? Како можеме да го фокусираме вниманието за поголемо самоприфаќање и благосостојба?
5 практики што ќе ви помогнат да го намалите негативното размислување и да се насочите кон поголема рамнотежа:
Понудете си можности за нови почетоци: Дали се гледате себеси како „готов производ“ или „работа во тек“? Ако мислите дека имате потенцијал да се промените, тогаш учењето и гледањето на работите од друга перспектива може да предизвика постојан личен раст. Едноставното поместување од користењето ригиден јазик, на пример, „јас сум“ во „можам да бидам“ може да создаде нови можности.
Барајте хумор: Понекогаш забележувањето на она што е хумористично во некоја ситуација може да ви помогне да реагирате повнимателно. Студија од Универзитетот „Стенфорд“ покажала дека хуморот може да ги олесни промените во перспективата, помагајќи им на луѓето да ги разгледаат повторно ситуациите и да се префрлат на нови мисли и сценарија.
Размислете за други перспективи и можности: Постојат многу начини да го направите ова. На пример, гледање на ситуацијата преку пооптимистички објектив, размислете за други опции и оценете ги. Разговарајте со некој на кој му верувате.
Забележете го и ценете го доброто: Секој ден запишувајте пет работи за кои се чувствувате благодарни: овие работи можат да бидат тривијални и едноставни или подлабоки. Истражување открива дека одвојувањето момент за да станете свесни за благодарноста може да ги поттикне позитивните емоции и благосостојбата.
Забавете, разбудете се и дишете: Во еден или во повеќе моменти во текот на денот паузирајте за да обрнете внимание додека го вдишувате дарот на благодарноста за нешто или некого во вашиот живот, а потоа издишете ја благодарноста.
Извор: psychologytoday.com
Фото: Freepik