Она што го нудат сестраните уметности денес станува се` повредно, не помалку вредно. „Fortune“ објави есеј за студирањето во иднина, поточно есеј кој содржи порака за сите идни лидери.
За почеток, авторот порачува земање предвид студирање сестрани уметности, односно насоки кои не нудат професионални и технички вештини. Ова е контроверзна порака во време кога се чини дека секој учи програмирање и секаде се поттикнува учењето технички вештини.
Тоа не е погрешно. програмирањето станува писменост во модерниот свет. Од друга страна, останатите насоки станаа „помалку интересни“ за студентите. Но, кога станува збор за лидерството, овие насоки можеби се подобар избор.
- Треба да бидеме способни за комуницирање и преговарање со луѓе; ни требаат луѓе на највисоки нивоа кои може да размислуваат со комплексни проблеми бидејќи... за жал, војната е човечки изум - вели Колин Дикинсон, офицер во американската морнарица.
Ова не е вистина само за армијата. Многу успешни претприемачи денес имаат дипломи во филозофија или јазици и се самоуки инженери или програмери. Образовната позадина на овие претприемачи им ги даваат вештините за комуникација и разбирање на потрошувачите, како и за менаџирање со вработените.
Дејвид Калт, претприемач кој поминал години убедувајќи ги дипломците да студираат технологии и инженерство, неодамна објави текст наречен „Зошто грешев за студиите во сестраните уметности“.
Она што треба да го запомнат идните студенти е дека без разлика кои студии ги одберат, успехот се постигнува со основата за понатамошно учење, не со знаењето кое се добива на факултет. Сестраните уметности може да ви понудат критички начин на
размислување, јасна комуникација, историски лекции, што може да бидат најбитни за водењето компанија.