X
 21.07.2024 Живот

Ова се најголемите градови во светот според бројот на населението

Повеќе од половина од светското население живее во урбани средини, со над 4 милијарди луѓе кои зависат од градовите како нивна главна средина. Според последниот извештај на Обединетите нации за населението во градовите, овој број се очекува да продолжи да се зголемува во текот на следните 50 години, поттикнувајќи ги градовите низ светот да најдат подобри начини да се приспособат на растечката популација додека преминуваат кон поодржливи урбани практики.

Листата подолу ги прикажува првите 20 града во светот во 2024 година, рангирани според големината на населението во нивните метрополи. Споредувајќи ги резултатите со претходните изданија, единствените градови што ја намалија својата големина се Токио и Осака во Јапонија. Највисоки стапки на раст може да се забележат во африканските мегаградови Киншаса и Лагос, додека Кина продолжува да биде најприсутна земја на листата, со 5 метрополи во првите 20: Шангај, Пекинг, Чонгкинг, Тијанџин и Гуангжу.

Во продолжение е листата со 20. најголеми градови во светот мерени според населението, заедно со нивната стапка на раст во споредба со минатогодишните бројки.

1. Токио, Јапонија
Население: 37.115.035 (-0,21 отсто)

2. Делхи, Индија
Население: 33.807.403 (2,63 отсто)

3. Шангај, Кина
Население: 29.867.918 (2,25 отсто)

4. Дака, Бангладеш
Население: 23.935.652 (3,13 отсто)

5. Сао Пауло, Бразил
Население: 22.806.704 (0,83 отсто)

6. Каиро, Египет
Население: 22.623.874 (1,99 отсто)

7. Мексико Сити, Мексико
Население: 22.505.315 (1 отсто)

8. Пекинг, Кина
Население: 22.189.082 (1,94 отсто)

9. Мумбај, Индија
Население: 21.673.149 (1,77 отсто)

10. Осака, Јапонија
Население: 18.967.459 (-0,24 отсто)

11. Чонгкинг, Кина
Население: 17.773.923 (2,5 отсто)

12. Карачи, Пакистан
Население: 17.648.555 (2,39 отсто)

13. Киншаса, ДР Конго
Население: 17.032.322 (4,39 отсто)

14. Лагос, Нигерија
Население: 16.536.018 (3,7 отсто)

15. Истанбул, Турција
Население: 16.047.350 (1,26 отсто)

16. Буенос Аирес, Аргентина
Население: 15.618.288 (0,83 отсто)

17. Калкута, Индија
Население: 15.570.786 (1,55 отсто)

18. Манила, Филипини
Население: 14.941.953 (1,87 отсто)

19. Гуангжу, Кина
Население: 14.590.096 (2,14 отсто)

20. Тијанџин, Кина
Население: 14.470.873 (1,63 отсто)

Извор: Archdaily.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот