17 истражувачки новинари составиле листа од олигарси, магнати тајкуни кои ја обликуваат судбината на своите земји од позадина. Ова се најбогатите луѓе во Источна Европа:
фото извор: ostpol.de
1. Гагик Тсарукиан
60-годишен член на Парламентот во Ерменија и познат бизнисмен уште пред да заплива во политичките води. Исто така, Тсарукиан е и спортист, односно борач со рака. Претседател е на Националниот Олимписки Комитет на Ерменија уште од 2004 година и е еден од најбогатите луѓе во земјата. Поседува компании и надвор од Ерменија, како на пример во Латвија. Белорусија, Украина, Бугарија. Има бизниси са пиво, вино, вотка, хотели, казино, ТВ канал, продавници и слично.
2. Анар Мамадов
Син на поранешниот министер за транспорт Зија Мамадов. Дел е од Азербејџанската елита и го наследил богатството и бизнисот од татко му. Има креирано лоби компанија во вашингтон, каде што ги промовира интересите на Азербејџанската влада на Конгресот и Сенатот во САД.
3. Нијаз Хастор
Потекнува од сиромашно село без електрична енергија и вода, па сега е најголемиот тајкун во Босна и Херцеговина. Неговата фирма е најголемата приватна компанија во земјата. Доделува стипендии на децата од сиромашни семејства, а и ја финансирал изградбата на џамијата во неговото родно село. Се работи за еден од најпопуларните и најпочитувани бизнисмени во Босна и Херцеговина.
4. Делиан Пеевски
Член во Парлементот во Бугарија и најбогат Бугарски политичар. Неговото богатство се проценува на повеќе од 1 милијарда долари. Тој ја има контролата над медиумите и има влијание на судскиот систем во земјата.
5. Биџина Иваншвили
Првиот Грузијски милијардер со богатство од околу 4.5 милијарди долари. Богатството го создал во Русија, а во Грузија се појавил како лице кое дава донации, па во 2011 година влегол и во политиката и креирал политичка партија. Станал и премиер на Грузија. Потоа се повлекол, но се верува дека тој ја води земјата од позадина. Поседува приватна зоолошка градина со пингвини, зебра и дрвја од различни региони.
6. Лоринц Месзарос
Овој човек започнал бизнис со гас во село, а по 7 години веќе имал познат пријател – премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Бил избран за градоначалник на селото во 2011 година и станал еден од најбогатите лица во Унгарија. Има удел во повеќе од 200 компании, поседува два фудбалски тима и добива многу јавни набавки кои се финансирани од ЕУ. Олигархот, ги обликува и Унгарските медиуми.
7. Блерим Деволи
Има само 45 години, но е Косовксиот олигарх во политиката. Ја поседува компанијата „Деволи Груп“, која започнала со работа во 1990 година како мал бизнис од страна на негвиот татко. Заедно со својот брат, Шкелким, започнуваат бизнис во индустријата со пиво, се влучуваат во бизнисот со увезени возила, дистрибуција на кафе и дрго. Донатори се речиси на сите Косовски политички партии, но најмногу поврзан е со партијата на претседателот Хашим Тачи. Поседува и јахта која ја чува на крајбрежјето на Црна Гора.
8. Аиварс Лембергс
Градоначалник на градот Вентспилс во Латвија уште од 1988 година. Оригарх, кој во 2007 година бил официјално суспендиран од должноста заради неговата поврзаност со криминалниот процес во илегалната приватизација и перење на пари. Но, во 2017 година, повторно е избран. Неговото богатство се проценува на 120 милиони евра.
9. Јордан (Орце) Камчев
фото извор: Wikipedia/Katerina.zafirovska
Најбогатиот човек во Македонија, чие богатство се проценува на 228 милиони евра. Поседува компании за градежништво, банки, приватни болници и друго. Се смета дека е поврзан со поранешниот шеф на Македонските тајни служби Сашо Мијалков, кој е братучед на поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски. Двајцата се под сомнение за корупција и илегално масовно набљудување во земјата. Камчев има добри контакти и надвор од Македонија. Поврзан е со Рускиот олигарх Сергеј Самсоненко и поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон.
10. Влад Плахотниук
Овој човек има јавна функција која самиот си ја доделил – координатор на владејачката Алијанса. Успеал да ги задржи повеќето од јавните институции. Креирал медиумска доверба, која често оперира со лажни вести. За себе креирал слика на бизнисмен, филантроп, дипломат и добар владетел. Неговата политичка партија добива големи количини на финансии од сомнителни донации.
11. Мило Ѓукановиќ
Поранешен премиер и претседател на Црна Гора, еден од најмоќните политичари во земјата, кој е поврзан со моќни бизнисмени. И неговиот брат и сестра имаат моќни позиции и богатство. Го критикува НВО секторот и независните новинари, кои пишуваат за неговите активности.
12. Дан Воикулеску
Сопственик на „Интакт Груп“, која поседува неколку медиумски куќи во Романија. Неговото богатство се проценува на околу 1.5 милијарди евра. Бил осуден на 20 години затвор за корупција и нелегална приватизација. Сите негови бизниси ги раководат членови на неговото семејство.
13. Алишер Усманов
Петтиот најбогат човек во Русија, кој има богатство од 15.2 милијарди долари. Се збогатил преку бизнисите со гас и рударство. Има удел и во многу медиумски куќи, а е близок пријател со Путин и Медведев.
14. Мирослав Мишковиќ
Првиот Србин кој се најде на листата милијардери, според „Форбс“. Неговата компанија „Делта“ станала успешна под владеењето на Слободан Милошевиќ во 90-те. Го проширил својот бизнис потоа, креирајќи компании и недвижнини со пари од надвор. Бил обвинет за финансиска злоупотреба, но годинава обвиненијата се повлечени.
15. Бојан Петан
Има толку големо влијание што дури и Централната банка во Словенија му помогнала при преговорите со приватните банки и исплаќањето на неговите долгови. Иако е под сомнение за организиран криминал и перење пари, сепак неговата моќ изгледа дека останува недопрена.
16. Ринат Ахметов
Најбогатиот
човек во Украина, со богатство од 6.9 милиони долари. Најмногу е присутен во секторот за енергија и е пример за типичен олигарх. Поврзан е со моќни политичари. Вклучен е и во бизнисот со челик, како и во медиумските куќи.