X
 08.03.2017 Живот

Се сметате за успешна личност? Одговорете на следниве прашања

Успехот е многу субјективна работа. На еден верзијата за успех може да биде утринскиот час по јога или работен ден надвор во парк на сонце. За друг тоа е многу повеќе.

работа

Со ова на ум, ако се чувствувате нерасположени во однос на успесите и Вашиот живот, треба да се запрашате неколку прашања и ќе го добиете главниот одговор.

Дали сте среќни? Дали уживате во Вашата работа, или барем поголем дел од неа? Дали имате време и за пријателите и семејството? Ако сте среќни, успешни сте, но ако не сте, треба да почнете да размислувате за промена.

Можете ли да си ги платите сметките?
Или барем нормална порција ручек во ресторан? Ова може да Ви се чини непотребно, но со што повеќе може да си дозволите од Вашите лични приходи, значи дека сте и поуспешни. Ова значи и да немате долгови.

Како го дефинирате успехот?
Замислете ја идејата како успехот треба да изгледа според Вас и запрашајте се дали сте на тоа место. Што треба да направите за да стигнете до таму? Ако сакате да менаџирате тим, дали само мечтаете за тоа, или работите на себе? Ако го дефинирате успехот по сметката во банката, дали сметате дека заработувате доволно?

Што може да направите сега, а не сте можеле пред 5 години?
Со други зборови, колку научивте? Размислете за искуствата што сте ги имале во тој период, кога сте почнале да работите воопшто, или од кога сте на моменталната позиција? Веројатно сте се збогатиле со знаење и вештини. Иако не сте го забележале одеднаш тоа е вистински знак за успех. Ако чувствувате дека не учите повеќе, размислете за предизвик што би си го поставиле пред себе.

На што сте најгорди? Запишете сѐ што сте постигнале низ Вашето образование и професионална кариера. Понекогаш треба визуелно да си ги претставите нештата за да сфатите дека сте постигнале многу. Обично луѓето се фокусираат на поразите, но обидете се Вашата листа да биде наполнета со победите и успесите. Веднаш ќе се почувствувате подобро.

Имате ли некоја цел?
Работите ли на нешто? Или можеби работите на себе? Запрашајте се каде Ве води новата работа или избор на кариера и дали навистина сакате да одите натаму. Ако одговорот е позитивен посреќни сте отколку што изгледате. Ако сметате дека сте избегале од патеката препознајте што недостасува на време и сменете ја насоката.

Ако од време на време си ги поставувате овие прашања логично е да бидете поисполнети со себе и секако, посреќни.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот