X
 29.09.2016 Здравје

Што прават успешните луѓе на паузата за ручек?

Вака: Паузата за ручек не е воведена ако немала никаква смила. Таа е клучна за ефикасноста и енергијата на вработените. Ако на пауза за ручек се работи или се јаде набрзинка, само може да се наштети на работата (и на сопственото здравје). Ова е тврдење на експерти, а Дејл Куроу, бизнис тренер од Њујорк, потполно се сложува со нив.

Успешните луѓе не јадат на биро, туку паузата ја користат за запознавање нови луѓе, за вежбање и читање, тврди Куроу.

Неколку работи што ги прават успешните луѓе на пауза за ручек:

- Планираат ручек на половина работно време и никогаш не договараат состанок за време на паузата за ручек. По ручекот, 10 минути ги анализираат своите цели за тој ден и ја менуваат листата на приоритети ако е потребно.

- Стануваат од столчето и излегуваат надвор.

- Разговараат со други луѓе.

- Го организираат времето и го планираат своето слободно време за попладне. Чувството кај човек дека има контрола над својот живот го намалува нивото на стрес.

- Јадат. Здраво се хранат и јадат полека.

- Вежбаат. Телесните вежби за време на паузата ја зголемуваат енергијата и ја намалуваат количината на акумулираниот стрес, а се зголемува концентрацијата.

- Успешните луѓе читаат. Не е-мејлови и извештаи, туку весници, блогови и книги, вели Тери Хокет, извршна директорка на What’s For Work?

- Работат нешто во што уживаат (средба со пријател, шопинг, прошетка низа парк...)

- За време на паузата, неколку минути размислуваат за својата кариера. Мечтаат за нови концепти, идеи и решенија што може да се искористат и на професионален и на приватен план.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје