Оцените на филмовите и сериите на веб-страницата „Ротен Томатос“ во последниве години станаа сè порелевантни за публиката. Ова се филмови што на оваа веб-страница имаат највисока оцена.
„Honey Boy“
Шаја Лабаф го глуми сопствениот татко во овој филм, кој веќе има одлични критики од критичарите и покрај тоа што премиерно ќе биде претставен на 9 ноември. Филмот го следи растењето на Шаја со елементи на фантазија, како и односот со неговиот татко, поради кој почнал да пие. Критичарите го нарекоа филмот ремек-дело, а во него глуми и девојката на Шаја.
„Knock Down the House“
Документарец на режисерката Рејчел Лирс открива како изгледале кампањите на Александра Оказио Кортез, Ејми Вилеле, Кои Буш и Пол Жан Свиренгин, четири прогресивни демократки во Америка. Филмот имаше светска премиера на фестивалот „Санденс“ во јануари оваа година, а од мај е достапен на „Нетфликс“.
„Portrait of a Lady on Fire“
Француска историска драма која раскажува за Маријан, млада сликарка од 18 век, која добива задача да наслика портрет на млада жена. Целта на портретот е претставување на младата жена поради склопување брак. Знаејќи дека девојката што треба да ја наслика претходно одбивала да позира и не сака да се омажи, Маријан се маскира во слугинка за да ја добие нејзината доверба и потоа се заљубува во неа.
„Parasite“
Филм за богато корејско семејство кое се соочува со подеми и падови. Бизарна црна комедија за социјалниот статус, надежта, материјализмот и патријархатот.
„For Sama“
Интимна документарна приказна за војната низ очите на една девојка. Ваад ал-Катеаб се заљубува, стапува во брак и ја раѓа Сама додека има катаклизмични конфликти околу неа. Камерата прикажува неверојатни приказни за губењето, смеата и преживувањето додека Ваад се соочува со невозможен избор - да побегне од градот за го спаси животот на ќерка си и истовремено да се откаже од борбата за слобода поради која веќе жртвувала многу.
„The Load“
Овој српски филм претставува драма заснована на прикриените злосторства извршени над косовските Албанци за време на конфликтот во 1999 година од страна на Србите. Еден од најнаградуваните домашни филмови во изминативе години, иако се смета за контроверзен и антисрпски, бидејќи е инспириран со откривање масовни гробници во полицискиот камп помеѓу Земун и Батајница, каде што биле закопани телата на косовските Албанци убиени во текот на конфликтот во Косово во 1999 година.
„At the Heart of Gold: Inside the USA Gymnastics Scandal“
Документарец за сексуалниот скандал што го потресе светот на спортот во 2017 година. Филмот испитува како злоупотребувачите, како д-р Лери Насар, лекар на американскиот женски олимписки гимнастички тим, со години ги злоупотребувал девојките незабележано.
„The Chambermaid“
Поглед на работното опкружување на слугинките кои работат во еден од најлуксузните хотели во Мексико Сити. Млада самохрана мајка, која се надева на
подобар живот и мисли дека нејзината посветеност и трудољубивост ќе бидат наградени, влегува во хотелска програма за едукација на возрасните, но наскоро открива дека не секогаш највредните луѓе напредуваат.