X
 11.03.2017 Забава

Неверојатен подвиг: Човекот кој го премина Атлантикот со импровизиран чамец

Кога станува збор за достигнување на нешто големо, голем дел од нас си ветуваат себеси дека ќе направат нешто големо иако не секогаш успеваат или имаат мотивација за тоа.

1

Но, Крис Бертиш одлучил да стане првата личност кој ќе го премине Атлантскиот Океан на педалинка. И би!

Бертиш, кој е сурфер и ентузијаст за пловење, заедно со поморскиот архитект Фил Морисон создал 20-метарски брод со мала кабина и уште помало легло за спиење. Токму таму тој ја поставил GPS опремата, сателитскиот систем за времето, радиото, сателитскиот телефон, како и автоматскиот систем. На врвот на чамецот биле поставени соларни панели за да ги одржуваат уредите полни, а Бертиш имал и кутија за итни случаи за секој случај. Целото бротче чинел околу 120.000 долари.

2

Неверојатно, 42 годишниот Бертиш за само 94 дена стигнал од Мароко до Антигва. Тоа се 4.500 наутички милји (8.300 километри) без никаква помош, а издржал и неколку бури благодарение на софистицираниот чамец кој има способност и да се исправи доколку е превртен.

3

Бертиш не го соборил рекордот за забава. Тој успеал да собере речиси половина милион долари за децата во Јужна Африрка, а неговите фанови ги известувал на Фејсбук преку неговиот сателитски телефон.

#thesupcrossing #carrickwealth @chrisbertish arrives in English Harbour to a heroes welcome. #passionwithapurpose

A post shared by Kieron McRae (@kieronmcrae) on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава