03.01.2017
Живот
Неделна временска прогноза: Подгответе се за вистинска зима во наредните денови!
Денес е вторник, 3 јануари 2017 година, 3-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:20 часот. Денот ќе трае 9 часа и 25
минути.
Претежно ведро и студено утро имаме и денес во најголем дел од
Македонија, со исклучок на крајните западни предели каде што преовладува
претежно облачно време, па овдека имаме и повисоки утрински температури.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно време со
повремени сончеви периоди. Доцна попладне и навчер во северните,
северозападните и западните предели нестабилно со слаби врнежи од дожд.
Над 800 метри надморска висина како и на планините и планинските превои
се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен северен и
северозападен ветер, а во западните предели западен ветер. Утринските
температури од -11 до 3 степени, а максималните температури ќе достигнат
до 2 односно до 10 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска по утринската магла во текот на денот ќе биде
умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Доцна навечер
со услови за слаб дожд. Утринската температура од -6 а максималната
дневна до 6 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во раните утрински часови во западните и
крајните источни и североисточни предели провејување на слаб дожд и
снег, а во текот на денот насекаде ќе биде умерено облачно со повремени
сончеви периоди. Максималните температури од 0 до 8 степени. Во четврток
облачно со врнежи од дожд и снег. Врнежите од снег прво ќе започнат над
700 метри а во текот на денот снежната граница ќе се спушта, па во
попладневните и во вечерните часови врнежи од снег ќе има насекаде и ќе
бидат проследени со засилен северозападен и североисточен. Максималните
температури од -2 до 6 степени. Во петок облачно време со врнежи од снег
и ветровито и доста постудено време со осетно опаѓање на температурите
кои ќе достигнат до -7 односно 1 степен. Во сабота умерено облачно време
со повремени сончеви периоди и многу студено време со температури кои се
невообичаени за овој период од годината, и многу ретко ги имавме во
последните 10 години. Минималните од -17 до -9 степени, а дневните од
-13 до -5 степени.