Фото извор: Pixabay
На повеќе од 30 различни паметни телефони и таблети пронајден е прединсталиран малвер. Програмата на уредите е инсталирана пред корисниците да имале можност да го пуштат телефонот.
Биле пронајдени „сериозни инфекции“ на 38 уреди, а од компанијата „Check Point“ известуваат дека направиле листа на уреди на кои пронашле вирус:
Samsung Galaxy Note 2
LG G4
Samsung Galaxy S7
Samsung Galaxy S4
Samsung Galaxy Note 4
Samsung Galaxy Note 5
Samsung Galaxy Note 8
Xiaomi Mi 4i
Galaxy A5
ZTE x500
Samsung Galaxy Note 3
Samsung Galaxy Note Edge
Samsung Galaxy Tab S2
Samsung Galaxy Tab 2
Oppo N3
Vivo X6 plus
Nexus 5
Nexus 5X
Asus Zenfone 2
Lenovo S90
Oppo R7 plus
Xiaomi Redmi
Lenovo A850
„Малверот бил веќе присутен на уредите пред да ги добијат корисниците“, известуваат од „Check Point“.
„Апликациите не се дел од ROM-от на произведувачите, туку биле додадени во текот на циклусот на производство“, додаваа тие.
Поголемиот дел од малвер бил поставен за кражба на информации, а на еден уред била инсталирана програмата „Slocker“ - вид на програма со која хакерите можат да го заклучат мобилниот на корисникот и потоа да го уценуваат за пари.
„Прединсталираниот малвер ја нарушува сигурноста на уредите и кај највнимателните корисници. Со тоа, корисникот кој го добива уредот со штетни програми нема да успее да забележи дека мобилниот му работи различно“, пишуваат од „
Check point“.
Корисниците кои ги имаат моделите од листата на „Check Point“ со помош на антивирусни програми треба да проверат дали добиле уред кој е инфициран.