X
 09.06.2016 Технологија

Франција создаде апликација во случај на бомбашки напади

франција

 

Владата на Франција создаде апликација за мобилни телефони која треба за брзо време да испрати предупредување во случај на бомбашки напади, огнени престрелки или други катастрофи.


Апликацијата е развиена после терористичкиот напад во Париз, а беше објавен вчера, во пресрет на Европското првенство во фудбал кое започнува на 10 јуни и ќе се одржува во Франција.

Апликацијата, достапна на англиски и француски може да биде подесена да следи предупредување ако нападот се случи во близина на корисникот на телефонот. На уредот екранот ќе прикаже црвена позадина со зборот „ALERT“ и со краток опис што се случува и совет како да се реагира.

Апликацијата првично била наменета за вооружени и бомбашки напади, но француските власти планираат да ја усовршат за таа да може да испраќа предупредување во случај на индустриски несреќи, поплави и други вонредни ситуации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија