X
 10.06.2022 Култура

„Нетфликс“ најавува пресврт: Ќе снима помалку филмови, а ќе се концентрира на спектакуларни блокбастери

Продолжува ремонтот на „Нетфликс“. Според истражувањето на „Холивуд рипортер“ за случувањата во стриминг-платформата, компанијата ќе почне силно да се менува во филмската дивизија, иако сè уште не се јасни деталите за тоа како ќе се одвива.

Откако веста за загубата на претплатници ја намали вредноста на акциите и доведе до драматични промени, со отпуштени повеќе од 150 вработени во изминатиот месец, „Нетфликс“ сега е фокусиран на снимање помалку филмови, но подобри.

- Целта ќе биде да се направи најдобрата верзија на нешто наместо поевтини филмови - вели извор.

Репутацијата на „Нетфликс“ со години опаѓа


„Нетфликс“ со години ја губи својата репутација поради континуирано објавување содржини, без пауза, односно нов филм секоја недела. Наводно тој план сè уште е во сила, но идејата е инвестирање во големи блокбастери како што е новиот филм „Сив човек“ со Рајан Рејнолдс и Крис Еванс во главните улоги. Во меѓувреме, направени се намалувања во семејниот оддел и во одделот „независни филмови“.

netflix
Фото: The Hollywood Reporter

„Нетфликс“ ќе продолжи да снима мали филмови. Најлошата прогноза е за филмовите со среден буџет, речиси изгубена форма што го држи „Нетфликс“ да не потоне во последниве години.

Падот значи дека ќе заврши ерата на скапи празни проекти како „Ирецо“ на Скорсезе.

Извор: Telegram.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура