Том Калобре е 22- годишен композитор кој е големо име во светот на класичната гитара. Неговата специјалност е импровизациската музика и има освоено многу награди на национални и интернационални натпревари.
Фото извор: ozy.com
Според изгледот на лицето и облеката
Калобре сѐ уште не се вклопува со студиозната класична музика. Но, тоа не го спречува да стане посветен музичар, иако не бил отсекогаш. Како дете посетувал часови по пијано. Кога класичната музика му здодеала, пробал да свири гитара на само 4 години. Неговите родители му ја „оддобриле“ кога бил 7 години, но класичната музика не му излегла од главата.
Тој е талент за импровизација, но прави и негова музика и се споредува со Моцарт уште кога бил 6 години. На 11 почнал со часовите по гитара, а дипломирал музичка уметност.
Сега повторно има планови што сака да ги остварува. Неговите импровизациски способности сака да ги искористи да компонира позадинска музика за големите екрани. Иако филмските композитори ретко го одвлекуваат вниманието, музиката е основен елемент во филмовите и прави публиката да ги сака или мрази ликовите и филмот воопшто.
Калобре има голема желба да создаде послободна музика со можност да компонира во било кој жанр, од електронска до класична. Тој не претпочита да размислува за музката како нешто што може да се објасни и не минува часови барајќи инспирација во главата. Наместо тоа, пишува обична реченица, а потоа секоја буква во реченицата ја претвора во број на кој му припишива по една нота.
Покрај сѐ тој е перфекционист.
„Имам нездрава потреба сѐ да биде поставено на одреден начин“, вели тој.