X
 16.11.2021 Култура

Дигитализирани 153 дела на славниот композитор Љубомир Бранѓолица

Колекција од 153 дела на славниот македонски композитор Љубомир Бранѓолица сега веќе е во дигитална форма. Автор на овој проект е Андреј Блажевски, кој потенцира дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување на делата на Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот од нивно евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма.

- Со особено задоволство сакам да ви го претставам проектот на кој работев изминатиов период. Ова е првиот чекор во понатамошната дигитализација на преостанатите дела на овој композитор, чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар итн. Исто така, евидентирав и повеќе драмски, прозни дела и неколку збирки поезија - изјавува Блажевски на „Фејсбук“, а дигитализираните дела му се прикачени и на онлајн платформа https://issuu.com/andrejblazevski1.

Љубомир Бранѓолица е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус ќе најдете и опери и балети, и камерни и хорски композиции, и популарни песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура