X
 08.11.2024 Живот

Науката дава одговор зошто Моцарт е попредвидлив од џезот

Знаеме дека музиката буди емоции во нас, но како се создава и како едно дело добива смисла?

Пред речиси 70 години музичкиот филозоф Леонард Мејер заклучил дека тоа е последица на интеракцијата помеѓу очекувањето и изненадувањето.

Прогнозирањето врз основа на минатите искуства е клучот за опстанокот и развојот на видот. На ист начин, врз основа на она што го слушаме, можеме да ги формираме нашите очекувања и предвидувања за насоката во која ќе се развива музичкото парче што го слушаме. Според Мејер, емоциите и значењето на музиката произлегуваат од меѓусебното влијание на очекувањата и нивното исполнување.

Истражувачите од Институтот „Макс Планк“ и Универзитетот во Гетинген одлучиле емпириски да ги квантифицираат овие филозофски концепти користејќи современи методи на наука за податоци. Тие анализирале временски низи на музички парчиња и измерија колку е слична низата на тонови со претходните. Оваа меѓузависна функција на музичките секвенции резултира со еден вид „меморија“ на едно музичко дело. Ако оваа меморија полека се намалува со текот на времето, низата е полесна за предвидување; ако брзо исчезне, низата нуди повеќе варијации и изненадувања.

2
Фото: Corentin Nelias | Theo Geisel

На овој начин, истражувачите анализирале повеќе од 450 џез-импровизации и 99 класични композиции, вклучувајќи симфонии и сонати, и откриле дека функцијата на меѓузависност на тонот на почетокот се намалува многу бавно. Тоа значи голема сличност и можност за предвидување на идните музички секвенции. Но, тие открија дека постои точка по која оваа сличност и предвидливост нагло престанува.

Во зависност од композицијата или импровизацијата, овие преодни времиња се движат од неколку четвртини до сто четвртини. Џез-импровизациите вообичаено имаат пократко време на транзиција од многу класични композиции и затоа се помалку предвидливи.

Може да се забележат и разлики помеѓу композиторите. На пример, истражувачите пронашле време на транзиција помеѓу 5 и 12 четвртини ноти во композициите на Бах, додека времето на транзиција во различни дела на Моцарт се движело од 8 до 22 четвртини ноти. Ова покажува дека исчекувањето и очекувањето на музичката прогресија обично траат подолго во композициите на Моцарт отколку во оние на Бах, што нуди повеќе варијабилност и изненадувања.

- Овие податоци помагаат да разбереме зошто Бах е попрефериран од Моцарт - вели Тео Гејзел, шеф на истражувањето.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот