X
 06.07.2017 Култура

Како настана најпознатата филмска нумера во поранешна Југославија?

Познатиот кларинетист, саксофонист, композитор, аранжер и издавач Миливоје Миќа Марковиќ почина на 79-годишна возраст, соопштува неговото семејство.

миливоје марковиќ
Фото: D Zivancevic / RAS Srbija

Како композитор најмногу се прослави со музиката за филмот „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“ и за серијата „Отпишани“, а истата беше значајна особено за успехот на „Отпишани“.

Во текст објавен во српскиот весник „Неделник“ тој опиша како таа настанала.

„Режисерот Аца Ѓорѓевиќ ме повика и ми понуди да компонирам за ’Отпишани’. Ми рече дека не ја сака вообичаената партизанска музика, туку нешто модерно, ново. Кој би можел тогаш да претпостави што ќе се случи. Се мачев. Постојат композиции што сум ги направил за кратко, за едно попладне. Првин го направив остинато басот. На таа ритмичка фраза подоцна сѐ надоградував. Кога слушнаа што сум направил, Аца Ѓорѓевиќ и Драган Марковиќ беа воодушевени. ’Тоа е тоа’, рекоа. Иако настанаа пред четири децении, серијата и музиката звучат свежо. Поминаа толку години, а мене ми изгледа како да било вчера.“

Композиторот
е роден на 20 март 1939, а почина синоќа во Белград.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура