X
 21.03.2017 Образование

Најдобрата учителка на светот

Жената која работи како поддршка за проблематичните тинејџери во изолираната инуитска заедница во канадскиот Арктик, е прогласена за најдобрата учителка на светот.


Меги Мекдонел на церемонијата во Дубаи добила награда од милион долари, заради своите иницијативи за борба против депресија, тинејџерска бременост и висок процент на злоупотреба на дрога во Салуит, село кое е дом на втората најсеверна инуитска заедница во Квебек.

До таму може да се пристигне само со авион, а температурите во зима достигнуваат и до минус 25 степени Целзиусови.

Меги истакнала дека како учителка во заедницата мисли дека денот никогаш не завршува. „Училишната врата може да се затвори, но односот со учениците продолжува бидејќи ја делиме истата заедница“, рекла наградената учителка.

Наградата од милион долари ја врачува Здружението „Varkey“ со седиште во Лондон под покровителство на лидерот на Обединетите Арапски Емирати,  шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактоум.
 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование