X
 22.11.2016 Живот

Канада ќе им дава плата на сиромашните

Онтарио започнува со пилот програма за тестирање преку која на сиромашното население во Канада ќе им биде врачен основен приход. Хју Сегал е советник во Канадската провинција и поранешен сенатор. Тој верува дека приход од 1.320 долари месечно би требало да обезбеди намалување на сиромаштијата.


Сегал смета дека пилот проектот ќе обезбеди вистински доказ за тоа дали ваквиот приход би бил решение за сиромаштијата, кое многу влади го бараат. Ќе одговори на многу прашања како тоа дали приходот ќе обезбеди поефикасен начин за поддршка на сиромашните, дали ќе се зголеми мотивацијата кај тие лица за пронаѓање работа и слично.

Во САД, ваквите проекти се вистински кошмар за републиканците. Пол Рајан смета дека постепено треба да се отстранат ваквите програми, но сепак е загрижен за сиромаштијата во Америка. Ако Онтариот предложи тригодишен проект кој ќе обезбеди релевантен доказ дека приходот би помогнал, тогаш можеби би пронашле двопартиско решение во САД.
Сегал е конзервативен – тој смета дека социјалните програми ќе помогнат во намалувањето на некои од „симптомите“ на сиромаштијата, но не обезбедуваат долгорочна програма за сиромашните лица целосно да престанат да бидат дел од таа категорија граѓани.

Гарантиран приход би бил позитивен во смисла сиромашните лица да не го достигнуваат дното, а конзервативците го поддржуваат тоа бидејќи се работи за елегантно решение кое ќе ја замени социјалната држава. Левичарите исто така ја сакаат оваа опција бидејќи на ваков начин се гради поголема социјална архитектура.

Сепак, се поставуваат многу прашања околу тоа како давањето пари на сиромашните би ги решиле повеќето од социо-економските проблеми. Но, како што вели Сегал, нема никогаш да дознаеме ако не се обидеме.

Ваквиот тест не е меѓу првите. Истражувачите и владите ширум светот се обидувале да реализираат слични вакви проекти, како на пример во Финска и Кенија. Во студија која се спровела во 70-те години во Манитоба се вели дека многумина сметале дека приходот би довел до негативни последици во општеството, бидејќи примачите на приход би можеле да престанат со работа и да станат мрзеливи, што и се докажало како вистинито, бидејќи многу луѓе во Манитоба и навистина престанале да работат.

Експериментот на Онтарио ќе покаже што ќе се случи со лицата на возраст од 18 до 65 години, кои ќе примаат месечен приход од 1.320 долари.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот