X
 25.03.2017 Живот

Како германските родители ги воспитуваат своите деца?

Постојат неколку техники на родителите кои се карактеристични за одредена земја. Германците можеби по малку се разликуваат од останатите. Ова се неколку методи кои тие ги практикуваат:

фото извор: DPA

1. Превозни средства за транспорт на децата

Креативноста кај Германците е присутна во голема мера, па не е невообичаено да забележите родител како го носи своето дете на училиште во корпа која е поставена на предната страна од велосипедот. Многумина реагираат заради сигурноста на овој подвиг, но Германците секојдневно го практикуваат овој начин на транспорт.

2. Играње на студено време

Германските деца постојано се надвор дури и кога температурите се под нулата и кога временските услови едноставно се неповолни. Германците во врска со ова имаат изрека: „Нема лошо време, само лоша облека“.

3. Непрактична облека за на снег

Иако ја користат изреката за лошата облека, сепак често на дечињата им ги облекуваат едноделните костими за играње на снег, кои се непрактични. Особено за најмалите кои не можат да ја контролираат потребата за вршење нужда.

4. Чанти за првиот училишен ден

Во Германија поаѓањето во прво одделение е многу важен настан, па секој првоодделенец добива необична чанта, односно торба полна со слатки.

5. Читање на насилни приказни

Германските приказни за деца не се воопшто бајковити, напротив, драматични, па дури и насилни.

6. Ручек точно на пладне

Секој ден во 12 часот се служи ручек. Секојдневна рутина и за најмладите и за возрасните.

7.  Децата не учат да читаат додека не наполнат 6 години

Во Германија читањето е резервирано за децата кои ќе наполнат шест години, односно кога ќе појдат во прво одделение.

8. Играње со огномет

На децата не им е забрането да играат со експлозивни уреди како огномети. Пиротехниката се продава во маркетите во Германија, а за децата дури има и посебни огномети со помал ризик, но за оние кои имаат повеќе од 12 години.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот