X
 13.04.2016 Образование

Причина плус зошто сонот на децата е доста важен

Еве причина плус зошто сонот на децата е доста важен. Едно ново истражување објавено во списанието „Sleep Medicine“ открива дека учењето на децата за важноста на спиењето им овозможува да добијат речиси 20 минути повеќе сон.

 

деца


Она што истражувачите ги изненади е колку овие 20 минути даваат повисоко оценки по предмети како математика и англиски јазик.

Според авторот на истражувањето, тоа испраќа јасна порака до родителите кои треба да им дадат приоритет на спиењето над се` останато.

„Спиењето не треба да биде нешто кое секоја вечер се преговара, треба да биде постојано и исто секоја вечер. Учењето на децата да си легна во соодветно време е приоритет“, советува психологот Ројт Грубер.

„Обезбедете децата да одат во кревет во време кое ќе им овозможи доволно да се наспијат“, вели Ројт.

Истражувачите спровеле програма за спиење кај две групи на ученици во основното училиште во Монтреал. Програмата се состоела од шест интерактивни настави во траење од два часа, за тоа колку е добро децата да имаат рутина пред легнување, хигиена пред спиење, како и важноста на рамнотежата за добар сон и спиењето. Исто така биле испратени и писма со лекциите за сонот до родителите, а училишниот персонал и раководството на училиштето беа дел од обуката.

Вкупно, 71 ученик на возраст од 7 до 11 години учествуваше во обуката. Грубер вели дека истражувачите веруваат дека програмата е ефикасна поради тоа што беше прилагодена на различни стилови на развој на учењето на различни возрасти. Исто така, вклучени беа наставниците, администраторите, родителите и децата во самиот процес на имплементација.

На крајот од шест неделната програма, децата кои учествувале во програмата спиеле 18.2 минути подолго навечер, заспиваа 2.3 минути побрзо и спиеја поглем дел од времето кое го поминуваа во кревет, во споредба со нивното спиење пред да учествуваат во програмата.

Оценките во математика и англиски јазик за овие ученици беа подобрени за повеќе од 2 процентни поени во споредба со оценките претходно.

Претходните истражувања покажуваат дека износот на дополнителното спиење (околу 20 минути) е поврзано со подобрувањето на функционирањето во текот на денот како и во ефикасноста кај децата.

„Според нашето знаење, ова е првата интервенција која документира подобрувања во спиењето кај ученици од основно училиште преку користење на објективни мерки за спиење“, вели Грубер.

Иако големината на ова истражување е прилично мала и се насочува само кон една област, Грубер вели дека таа очекува овие наоди да се повторат доколку се изведени во соработка со заедницата и доколку се прилагодени на специфични целни групи. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование