Твитер планира воведување на премиум членство за компаниите и за влијателни корисници, а ова членство би се наплаќало.
Фото: REUTERS/Brendan McDermid
Корисниците кои ќе плаќаат би имале пристап до „TweetDeck“, унапредена верзија со повеќе функции од обичниот Твитер.
Твитер засега не објави ништо за тоа дали ќе воведе плаќање за обичните корисници. Премиум членството на Твитер би му донеле нови приходи во време кога корисниците сè повеќе се насочуваат кон други социјални мрежи.
Бројот на Твитер корисници стагнира, а приходите на компанијата од рекламирање опаѓаа, иако онлајн пазарот за реклами значително се зголеми минатата година.
„Редовно спроведуваме истражување со кое собираме искуство од корисниците за да донесеме подобри инвестициски одлуки и истражуваме неколку начини да го направиме „TweetDeck“ покорисен за професионалците“, соопштува
Твитер.
„Плаќањето на корисниците би им обезбедило на едно место да имаат посебни алатки за прегледување, објавување и известување, како и анализа на трендовите и активности и унапредена анализа“, велат од Твитер.
Ако воведат плаќање, конкуренција на Твитер ќе биде компанијата „SocialFlow“ и „HootSuite“, кои со години на корисниците им овозможуваат да користат унапредена верзија на Твитер.