X
 26.03.2017 Живот

Џон Кенеди бил фасциниран од Хитлер?!


Џон Кенеди држи говор

Поранешниот американски претседател, Џон Ф. Кенеди, бил фасциниран од Адолф Хитлер.  На своја 29-годишна возраст, во својот дневник напишал: „Хитлер ќе се воздигне над омразата која го опкружува во еден од најзначајните луѓе кои некогаш живееле. Во него постои она нешто од кое се направени легендите.“ Ова Кенеди го напишал на почетокот од летото 1945 година, јавува Би-би-си.

Историчарите веруваат дека ова е единствениот сочуван дневник на 35. американски претседател. Оригиналната копија ќе биде понудена на аукција на 26 април во Бостон. Моменталната сопственичка на дневникот, Дирдри Хендерсон, работела како научен соработник во Белата куќа кога Кенеди бил сенатор.

Тој го водел дневникот додека патувал низ Европа како воен репортер, а потоа ѝ го дал на госпоѓата Хендерсон со цел да ја информира за своите ставови околу надворешната политика и државната безбедност.

„Кога Кенеди рекол дека во Хитлер постои нешто од кое се направени легендите, зборувал за мистеријата која го опкружувала, а не за злото кое го демонстрирал пред светот“, напишала Хендерсон.

Таа додала дека Кенеди со ниту еден збор во дневникот не изразил симпатии кон нацистите и нивните злосторства. Во дневникот се споменуваат изборите во Велика Британија и Винстон Черчил, кој според зборовите на Хендерсон, бил неговиот  идол.

Се очекува дневникот на аукцијата да биде продаден за околу 200 илјади долари.

Дневникот на Кенеди
(Фото: RR Auction)
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот