X
 24.11.2018 Забава

Сега може да си купите дел од Ајфеловата кула

Во 80-тите години на 19 век, кога била изградена Ајфеловата кула, планот бил да биде привремен експонат за Меѓународната изложба, Светски саем, кој потоа ќе биде размонтиран. Но, тоа не се случило, па кулата станала трајна инсталација во Париз. Сепак, не сите елементи биле трајни.

На пример, меѓу оние помалку трајни предмети биле и спиралните скали од ковано железо што ги поврзувале вториот и третиот кат од кулата. Тие биле отстранети од кулата во 1983 година за да се направи место за лифт. Оттогаш се продаваат делови од скалите, а кон крајот на месецов, поточно на 27 ноември, дел од 24 скалила ќе биде ставен на аукција во париската аукциска куќа „Арткjуријал“.

Сепак, ако сакате да купите дел од скалилата, ќе треба да платите најмалку 40.000 евра. Од таа цена почнува наддавањето.

Ајфеловата кула во 1888 година
Фото: Wikipedia

Претходно, делови од скалилата беа понудени на аукции за приватни колекционери и други институции во светот. Само во САД има делови од скалилата во „Дизниленд“ и во близина на Статуата на слободата.

Ако не сакате да купите скалила, ова веројатно нема да ви е последна шанса да си купите дел од оригиналната Ајфелова кула. Таа никогаш нема да биде на продажба, но постојано се менува. Во рамките на подготовките за Олимписките игри во 2024 година, градот Париз лани започна 15-годишен проект за реновирање и модернизирање на кулата. Тоа значи дека сигурно ќе има уште делчиња од оригиналната кула на Густав Ајфел што ќе бидат на продажба.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава