X
 27.03.2017 Образование

Брзото читање е полошо отколку да не читате воопшто

Читањето е важно, но со динамиката на живеење сѐ потешко се наоѓа време за читање книги и подлабоки анализи. Како да читате побрзо?

читање книга

Постојат многу статии на псевдонаучници и тврдења кои зборуваат на оваа тема. Сепак, други истражувања велат дека е подобро да читате со разбирање. Добрата книга и внкусниот оброк се врвен одмор, нешто со кое не сакате да завршите, туку целосно да уживате во искуството.

Самата цел на читање е стекнување на нови информации и искуства. Брзото читање е алтернативен начин да се лажете себе си дека нешто навистина учите. Во реалноста само набрзина ги превраќате страниците. Ако читате брзо не читате со разбирање и не можете критички да погледнете на нечие видување на книгата. Преку брзото читање нема разговор со авторот и стекнувате само површно познавање за делото.

Читањето не би требало да биде ментално заморно. Во психологијата е познат Донинг-Кругеровиот ефект кој го опишува односот на нивото на знаење и самоувереноста во своето знаење. Луѓето кои површно знаат некоја тема, се уверени дека имаат одлично познавање од таа област. Од друга страна стручњаците се свесни дека постојат мноштво информации кои можат да се научат.

Многу е подобро ако одвоите време за конкретно запознавање со некоја тема. Да се одвојат час-два само за читање во текот на денот не е лесно. Ако се одлучите да читате поголем број на книги, почнете полека. Усредоточете се со читање на добри книги, а не размислувајте за читање на што поголем број книги.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование