X
 30.06.2016 Живот

Како да ги "прочитате" луѓето како Шерлок Холмс?

Истражувањата покажуваат дека сфаќањето работи како говорот на телото е многу помоќно отколку што мислите.

 

 1


Институтот за технологија во Масачусетс открива дека резултатот од преговорите може да биде предвиден од говорот на телото во 87% од случаите.

Но поголемиот дел од она во кое верувате за говорот на телото и анализирањето на другите е мит или погодување, а не вистинско истражување.

Како можете да научите како да ги читате луѓето? Во продолжение ви нудиме одговори од експерти и истражувања.

Што правите погрешно?


Ова се најчестите грешки кои луѓето ги прават кога ги читаат другите луѓе:

- Го игнорираат контексот:
прекрстени раце не значи многу ако собата е студена или столчето на кое седат нема потпиралки. Се' мора да помине низ тестот за здрав разум со оглед на природната средина. Затоа потребно е да се прашате себеси: „Дали некој во оваа ситуација треба да реагира вака?“

- Не барате групи: една од најголемите грешки што ги правите е тоа што барате еден доказ. Ова е одлично во филмовите за покер играчи но во реалниот живот всушност треба да барате група на акции (потење, допирање на лицето) - ова може да ви каже нешто. Затоа прашајте се себеси: „Дали поголемиот дел од акциите на оваа личност се поврзани со X?“

- Немате основа: Ако некој е избувлив, тоа не ви кажува ништо. Ако некој е секогаш избувлив и наеднаш го менува однесувањето, тогаш запрашајте се себеси: „Дали ова е начинот на кој тој нормално реагира?“

- Не сте свесни за стереотипите: Ако веќе некој ви се допаѓа или не ви се допаѓа, тоа влијае врз вашето расудување. Ако луѓето ви дадат комплимент или се слични со вас, или пак се атрактивни, ова може да влијае врз вас и тоа несвесно.

Кога да им верувате на вашите инстинкти?

Добри вести: Вашиот прв впечаток обично е точен.
Лоши вести: Без разлика дали се во право или не, првиот впечато квлијае врз нас на голем начин и не можеме да го промениме.

„Првите впечатоци често пати помагаат меѓутоа треба да имате волја да ги надградувате доста често. Тоа е тешко да се направ и“, вели Сем Гослинг, психолог од Универзитетот во Тексас.

Истражувањата покажуваат дека ако некој изгледа екстровертен, самоуверен или религиозен - тогаш тој и е таков. И ако изгледа добро, тогаш верувајте им на вашите инстинкти уште повеќе. Зошто?

Затоа што сите ние обрнуваме повеќе внимание на убавите луѓе - и со тоа нашите проценки се уште поточни.

„Генерално гледано, луѓето ја проценуваат книгата според корицата, меѓутоа убавата корица предизвикува подетално читање, со што физички привлечните луѓе се гледаат повеќе позитивно и поточно“.

Сем вели дека особено треба да обрнеме внимание на нечиј визуелен идентитет. Ова се работите кои една личност се одлучува да ги прикаже и да покаже кој е и како тој сака да биде перципиран.

Прстен. Маица со слоган. Тетоважа. Потребно е да се обрне внимание на ваков вид работи бидејќи тие знаат да бидат точни знаци.

„Ваквите работи се намерни изјави со кои ги покажуваме нашите ставови, цели, вредности и слично. Една од работите која треба да ја имате во предвид во врска со овие изјави е поради тоа што се намерни, многу луѓе сметаат дека манипулираме со нив или не сме искрени, меѓутоа мислам дека постојат мал број докази кои го покажуваат ова. Мислам дека генерално земено луѓето сакаат да бидат познати“, вели Сем.

Што ако сакате да прочитате некој во професионален контекст? Што ако сакате да дознаете дали некоја личност е добра во својата професија? Гледајте ги како работат 30 секунди - или само 6 секунди. Вашето размислување за нивната компетентност ќе биде точна:

Во првото истражување, консензуалните пресуди за наставниците на колеџ основани на кратки видео клипови беа и повеќе од точни. Во второто истражување, слични проценки го предвиделе рејтингот на директорот за професорите во средно училиште. Во трето истражување, рејтингот бил силно поврзан со критериумите на променливи.

Сакате да знаете дали некој е паметен? Истражувањето вели дека ова е тешко да се каже само од изгледот при оценување на возрасните. Но постои трик кој може да помогне. Дали личноста има смисла за хумор? Бидејќи овие луѓе се паметни.

Истражувањето дава поддршка на предвидувањето дека ефективната смисла за хумор делува како чесен индикатор на интелигенцијата кај луѓето.

И постои едно нешто на кое треба да обрнете внимание кога зборуваат. Зборот „јас“ може да кажува многу. Моќните луѓе не го кажуваат често. Помалку моќните луѓе го кажуваат.

„Дали можам да ѝ верувам на оваа личност?“


Секако луѓето се обидуваат да ве измамат или да манипулираат со вас па затоа ќе праќаат лажни сигнали со кои ќе покажуваат дека се вредни за вашата доверба.

Затоа треба да се фокусирате на несвесни однесувања кои не можат да се контролираат лесно и кои даваат јасна порака.

Мимикрија на говор и мимикрија на однесување: Дали тие ги користат истите зборови што ги користите вие? Дали зборуваат со слична брзина и тон? Дали седат на ист начин како што седите вие? Дали играт некаква суптилна игра? Ова е знак дека другата личност се чувствува емоционално синхронизирана со вас.

Покрај тоа, треба да им верувате на луѓе кои се емотивно експресивни во говорот на телото.

Дали личноста флертува со мене?

Дамите често пати потценуваат колку мажите ги привлекуваат. А помалку привлечните мажи постојано потценуваат колку жените се заинтересирани. Но, дали треба да им верувате на вашите инстинкти кога спротивниот пол флертува со вас? Истражувањето вели дека од сите проучувани луѓе, привлечните мажи се најточни судии:

„Помалку привлечните мажи имале поголема веројатност да мислат дека убавите жени гледаат во нив. Исто така, атрактивните мажи имаат пореална проценка. Што кога станува збор за жените? Жените имаат тенденција да го потценат сексуалниот интерес на мажите?

Ако не сте некоја привлечна личност, кои знаци треба да ги барате за да откриете дека некој е заинтересиран за вас?

Истражувањето од Институтот за технологија во Масачусетс вели дека првиот знак е дали жената зборува непречено и брзо. Исто така, и мажите и жените зборуваат со подлабок глас кога разговараат со некој од спротивниот пол за кој мислат дека е привлечен. Друг јасен знак е допирот. Допирањето на рамото, половината или подлактицата е добар знак.

Како да дадете подобра слика кога некој ве чита вас?

Вашиот говор на јазикот и сигналите кои ги испраќате се утврдени со она што е во вашата глава. Променете го она што го чувствувате внатре и ќе го промените она кое го изразувате со телото.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот