Од „Facebook“ објавуваат применување на нова опција за привремено споделување на локацијата во апликацијата „Messenger“.
Новата опција ќе им овозможи на пријателите и семејството на „Facebook“ во рок од еден час да следат каде се движите. На корисниците им е оставена можноста на избор, односно сами да изберат на кои лица ќе им овозможат во реално време да го следат нивното движење.
Од „
Facebook“ велат дека следењето на локацијата во живо е многу корисна работа, кога се обидуваат да се најдат со пријателите и сакаат да кажат колку се блиску до местото на кое треба да се најдат со некого.
„Facebook“ до 2015 година нудеше можност за автоматско споделување на локацијата, но потоа таа опција беше заменета со можност за праќање статични поединечни локации.
За да споделите локација во живо со пријателите, потребно е да кликнете на иконата стрелка, која и до сега служела за споделување локации и притоа да се избере опцијата „Share Live Location“.
„Facebook Messenger“ исто така ќе ја прикаже информацијата колку време е потребно за да стигнете до пријателот со кој сте ја споделиле својата локација.