X
 31.03.2017 Технологија

Како да го заштитите вашиот Фесјбук профил?

Ако сакате да бидете безбедни онлајн, тогаш вашиот профил на „Facebook“ е важен дел од сето тоа. Хакерите можат да дојдат до приватните информации многу лесно. Ова се неколку начини како да ја стекнете онлајн безбедноста.


Вашиот профил нека биде сигурен

Безбедноста на профилот започнува со лозинката. Колку подолга и покомплицирана, толку подобро. Тоа значи да избегнувате лозинки како „1234’ или името на вашето милениче, особено како неговото име често го објавувате и на „Instagram“. Експертите советуваат да се користи верификација на профилот составена од два чекори, односно добивање на код на вапиот телефон за да се верифицира дека вие се логирате на профилот.

Тоа може да го направите ако се вклучите на „Facebook settings“, потоа кликнете „Security and login“, па потоа следи „Edit“ копчето веднаш до опцијата  button „Use two-factor authentication“ или пак да селектирате „Get alerts about unrecognised logins one“.


Проверка на сомнителни активности

Исто така на „Facebook settings“, ќе кликнете на „Security and login“ а потоа во „Edit“ секцијата ќе се задржите на „Where You're Logged In and Recognized Devices“. Тука се покажуваат веб пребарувачите и телефони или други уреди каде што вашиот профил е активен, па можете да ја сопрете активноста на уред кој што не го препознавате.

Можете да одредите и три до пет контакти на кои им верувате, па ако некогаш изгубите пристап до вашиот профил, овие контакти можат да ви го пренесат кодот за повторно да се логирате.


Заштитете ја вашата приватност

Размислете два пати пред нешто да споделите и одредете кој може да ги гледа вашите објави. Одредете ја публиката која може да ве следи.

Одете во „Privacy settings“ и кликнете „Limit Past Posts“. Потоа во „Timeline and tagging“ можете да ги контролирате постовите на кои другите ве означиле.

Примена на здравиот разум

Мора да размислите и кого прифаќате за пријател на оваа социјална мрежа како и за деталите кои ги споделувате. Внимавајте на линковите кои ви пристигаат во пораките и внимавајте на податоците кои ги споделувате преку вашиот телефон или електронска пошта.

Треба да се обрне внимание и на пребарувачот преку кој се логирате на социјалната мрежа. Осигурајте се дека секогаш софтверот е апдејтиран, со солиден анти-вирус и избегнувајте сомнителни екстензии.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија