X
 01.04.2017 Живот

Предупредување од Брисел: Британците остануваат без Гиблартарот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ниеден договор меѓу ЕУ и Велика Британија за Гиблартарот не може да се донесе без согласност на Шпанија.

гибралтар
Фото извор: Safe the Nerd

Портпаролот на шпанската влада Ињиго Мендес де Виго изрази задоволство поради таа одлука.

Шефот на управата на Гиблартарот, Фабијан Пикардо, неодамна изјави дека во текот на преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ ќе се спротивстави на секој обид Шпанија да стекне поголема контрола над таа мала, но стратешки важна британска територија и боена база. Велика Британија го контролира Гибралтарот три века и ги одбива барањата на Шпанија за поделба на власта над таа територија, што доведува до тензија во односите меѓу двете земји.

Гибралтарот има 32.000 жители од кои 96% на референдумот за Брегзит гласаа за останување на Велика Британија во ЕУ. Таа е прекуморска територија на Обединетото Кралство на Пиринејскиот полуостров, кој го спојува Атланскиот Океан и Средоземното Море и се наоѓа на југот на Шпанија.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот