„НВО“ објави ново тизер видео за 7 сезона на „Game of thrones“, кое ни покажа една работа: Зимата е тука. Студено е во Вестерос, како што покажува здивот на Серсеј Ланистер, а работите ќе станат уште постудени.
Но, климатските промени не се единственото нешто што го открива новиот тизер. Како и секогаш во оваа серија, така и на оваа снимка драмата е во деталите. На површина, видеото покажува снимки од Џон Сноу, Серсеј Ланистер и Денерис Таргариен како шетаат по ходници и како седат во своите различни соби на престолот - но ако погледнете внимателно, нивната облека кажува нешто повеќе за 7 сезона.
Џон Сноу
Облеката на Џон Сноу се состои од стандардната наметка и шалот. Сега откако го зазеде неговото место во Винтерфел, неговата облека го покажува тоа, како и златниот детал кој го носи на наметката (Исто така, крзното околу вратот изгледа како едно од миленичињата на семејството - можеби Греј Винд). Тешко е да се каже сигурно, но се чини дека поголемиот дел од облеката му е нов. Минатата сезона, откако Џон на Санса ѝ даде пофалба за нејзината облека, младата дама на
Винтерфел застана рамо до рамо со нејзиниот брат.
Денерис Таргариен
После Џон е Дени, облечена во темни тонови кои ретко ги носи. Со години, Мајката на змејовите се облекува во сино, бидејќи тоа е бојата на Дотраки. Но, последната сезона како што таа го започна ослободувањето на Заливот на робовите (сега Заливот на змејовите), таа започна да носи повеќе бело и неутрални тонови. Белата боја ја отстранува од сцените со кои не се согласува. Сега, кога полека пристапува до тронот, таа е облечена во јаглено-обоена облека со темноцрвена наметка. Фактот што таа става црвена боја кажува многу - ја нема ставено оваа боја уште од сцената со нејзиниот брат Висерис. Дали со тоа го сигнализира нејзиниот статус како законски наследник на престолот - или барем нејзиното враќање до домот на нејзините предци??
Серсеј Ланистер
После самоубиството на Томен, Серсеј е таа која го држи престолот, а нејзиниот изглед совршено ѝ одговара. На крајот на 6 сезона таа започна да носи кожа, иста како што носеше нејзиниот татко Тајвин. Во 7 сезона таа додала ланче со лав. Серсеј е уште еден лик кој обожаваше да носи црвено (бојата на потписот на Ланистер), но како што продолжува нејзиното жалење, таа се држи до црната боја, но овој пат таа се насочува и кон сребрената боја која е нејзината нова боја.