X
 18.01.2022 Култура

Ова е најгледана серија на „Нетфликс“ во моментов

Британската мистериозна мини-серија „Остани близу“ (англ.Stay Close) на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите низ светот. Премиерата беше на „Нетфликс“ на 31 декември 2021 година и веќе во почетокот на 2022 година стана тренд.

Според извештаите на аналитичката компанија „Фликспатрол“, серијата „Остани близу“ е најгледана серија од 2 јануари 2022 година до денес. На 14 јануари, според нивните податоци, „Остани близу“ и понатаму доминираше на листата со топ-серии. Таа е на прво место, а по неа се „Емили во Париз“ и „Вештерот“. Пет дена по премиерата, серијата се најде на четвртото место во светот и нејзината популарност растеше секој ден. Има оцена 7/10 на IMDb.

серија

Во „Остани близу“ главната улога ја има Куш Џамбо, која ја глуми Меган, мајка на три деца од предградие која и покрај сите напори не може да побегне од своето минато. Меган има партнер, Дејв, и нивниот живот изгледа идилично, но Меган во минатото работела како стриптизерка по име Кеси, период од животот кога познавала многу луѓе. Додека била стриптизерка, поранешниот клиент на Кеси, Стујарт Грин, кој бил опседнат со неа, исчезнал без трага. Во исто време Кеси бега од поранешниот живот. Останува прашањето дали Стјуарт е жив и дали некој го убил.

По 17 години, Меган треба да се соочи со минатото што ќе ѝ го донесат двајца детективи кои истражуваат голем број исчезнати лица, меѓу кои и Грин. Бројот на осомничени се зголемува, а списокот на мртви и исчезнати станува сѐ подолг.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура