X
 07.06.2020 Култура

Новата реклама за серијата „Црно огледало“ вели дека веќе живееме во шестата сезона

Oд завршувањето на петтата сезона на „Црно огледало“ обожавателите очајно чекаат нови епизоди.

За оние што сè уште не ја гледале, станува збор за дистописка научнофантастична серија која го испитува модерното општество и неочекуваните последици од новите технологии.

Како што кажува и самото име, може да стане прилично темно.

Шестата сезона во моментот е ставена во мирување поради пандемијата на коронавирусот, така што креаторот Чарли Брукер изјави дека во моментот не се снима серијата со оглед на тоа што луѓето веќе се соочуваат со прилично лошо сценарио, па никој не би сакал да гледа серија во која општествата се совпаѓаат.

По неговата изјава интернет-корисниците почнаа да се шегуваат дека не се потребни нови епизоди бидејќи самото живеење во 2020 година е како да живееме во епизода од „Црно огледало“.

Така, една компанија за реклами во Мадрид одлучи да ја претвори оваа идеја во реалност, поставувајќи реклами низ Мадрид на кои пишува дека шестата сезона од „Црно огледало“ веќе ја доживеа својата премиера со оглед на тоа што сите живееме во неа.

„Црно огледало“. Шеста сезона. Сега во живо, насекаде - пишува на рекламата која е еден вид црно огледало на кое луѓето можат да се фотографираат себеси со нивниот одраз исто како да гледаат во серијата.
Извор: Mirror UK
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура